Поради епидемијата со коронавирусот, можност за одлагање на изборите во Србија

Од:

Можност за одлагање на изборите во Србија би се отворила доколку поради ширење на вирусот би биле прогласени епидемија и вонредна состојба, објавија белградски медиуми.

Во таков случај, објави Блиц, гласањето би било одложено со одлука за суспензија на избирачкото право. Тоа би почнало од денот на воведување вонредна состојба и тоа најмногу двапати по 90 денови.

Весникот го цитира Слободан Орловиќ професор од Правниот факултет во Нови Сад кој вели дека епидемијата на вирусот Ковид-19 дава можност за одложување избори додколку се воведе вонредна состојба во државата со одлука на Народното собрание поради заразна болест што загрозува животи на граѓаните.

Изборите треба да се одржат на 26 април.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции