Поплави во Грција, евакуација на населението во западниот дел на земјата

Од:

Грчките власти евакуираа десетици граѓани од поплавените куќи во западниот дел на земјата, неколку дена откако седум лица загинаа во силната бура на Халкидики.

Поплавите по дождот што паѓаше во текот на ноќта и утрово ги оштети патиштата недалеку од градовите Нафпактос и Патра, при што главниот пат беше блокиран неколку часа.

Засега нема извештаи за повреддени или исчезнувнати лица, објави Ројтерс.

Многу објекти во Нафпактос се поплавени, има оштетени куќи, продавници, автомобили”, изјави службеник на противпожарната служба за британската агенција.

Седум лица, меѓу кои и шест туристи, беа убиени, а повеќе од 100 беа повредени ноќта помеѓу средата и четвртокот, кога силна бура го зафати северниот дел на Грција.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Нема опасност за населението по излевањето на Маркова Река, евидентирана е само материјална штета

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Маркова Река се излеа во село Батинци, нема потреба од евакуација

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он