ВИДЕО: Половина Словенија во „црвена фаза“ – една жртва, оштетени објекти, села без струја

Од:

Пожарникарите и припадниците на цивилната заштита на Словенија се уште ги санираат последиците од силниот ветер кој во текот на денот дуваше во земјата. Половина држава се уште е во “црвена фаза” за опасност од екстремно силен ветер.

Рано утрово на патот Дравоград-Марибор едно лице го изгуби животот, откако врз неговиот автомобил падна дрво откорнато со силниот ветер. Вечерва без струја се над 340 домаќинства во околината на Цеље.

Поради силниот ветер е оштетен покривот на болницата во Птуј.

Во Општината Преболд ветерот откорна 230 години стара липа, која падна врз куќа и ја оштетила.

Проблеми со откорнати дрва и сообраќајни знаци има во Штаерската и Корошката област.

Агенцијата за животна средина (АРСО) објави дека во некои делови на словенија денеска е измерен ветер со брзина и над 100 километри на час.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Бројот на жртвите од невремето во САД се искачи на пет

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени