Половина од младите Срби се невработени

Од:

Половина од младите на возраст од 15 до 24 години во Србија се без работа, покажува најновото истражување на пазарот на трудот и положбата на младите луѓе.

Истражувањето спроведено во Белград, Нови Сад и Ниш во март и април, покажува дека процентот на млади невработени лица во Србија е еден од најголемите во Европа.

Директорот на националната агенција за вработување Дејан Јовановиќ изјави дека во агенцијата се регистрирани 206.000 невработени на возраст до 30 години, кои чекаат за работа во просек по 1,8 години. Он нив околу 40.000 се без квалификации и немаат завршено средно образование, а некои немаат ниту основно образование.

Според Јовановиќ, за да се намали невработеноста меѓу младите, треба да се обезбеди економски раст и да се создаде клима за привлекување на инвестиции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија