Половина Атина без електрична енергија

Од:

Дефект во високонапонски трансформатор во трафостаница во северниот дел на Атина, предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија и создаде сериозни проблеми во северното и јужното предградие, но и во центарот на градот.

За помалку од еден час Противпожарната служба на Грција примила над 100 повици за спасување на луѓе заглавени во лифтови, а на голем број улици и булевари се создаде комплетен хаос пореди неработењето на семафорите, а во прекин беше една линија на атинското метро.

Според дел од грчките медиуми прекинот на струја се должи на мала експлозија во трафостаница, но за оваа информација нема официјална потврда од грчката јавна корпорација за енергетика. Оттаму за медиумите во Грција, наведоа дека се очекува до попладневните часови да се санира дефектот.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент