Политичкиот совет во Албанија постигна договор за изборната реформа

Од:

Албанскиот Политички совет, кого го сочинуваат претставници на политичките партии од власта и опозицијата, постигнаа договор околу изборните реформи, што е еден од 15 услови за почнување преговори на Албанија со ЕУ.

-По повеќе средби, синоќа по полноќ во Конгресната палата Политичкиот совет постигна консензус за спроведување на изборите, прифаќајќи ја 100 отсто електронската идентификација на гласачите на изборите. Во нацрт-договорот се вели дека Владата на Албанија гарантира навремено финансирање онолку колку што е технички можно,-пренесува државната агенција АТА.

Надминато беше и недоразбирањето околу составот на изборните комисии и одбори. Договорено е Централната изборна комисија да се реформира, член да биде само оној кој го поминал ветингот и да има двајца странски експерти кои ќе помагаат во подготовката,обуката и спроведувањето на процесот на биометриска идентификација. Претседателот да се избира со консензус а потпретседателот го предлага опозицијата.

На овој договор претходеа повеќе средби на Политичкиот совет, како и неколку средби и разговори со странските дипломати, посебно синоќешните средби на американската амбасадорка Јури Ким, со опозицискиот лидер, Љуљзим Баша и со шефот на државата,Илир Мета.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски