Полицијата запира возила што се упатуваат кон Белград, блокиран е Бранков мост

Од:

Студентскиот протест „Се гледаме на Видовден“ е закажан за денес во 18 часот на плоштадот Славија во Белград.

Според програмата на протестот, од 19:11 часот ќе се одржи 16-минутен молк за 16-те жртви од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, а во 19:27 часот ќе се пее националната химна, по што ќе следат првиот блок студентски говори, доделувањето на Црвениот божур, уште два блока студентски говори, а во 21 часот е рокот за исполнување на барањата поставени до српската влада.

Планирано и организирано е пристигнување со автомобил од неколку делови на Србија, а до Белград нема да може да се стигне со воз, откако компанијата „Србијавоз“ го прекина железничкиот сообраќај во петокот поради наводна пријава за поставени бомби на сите линии и во сите возови. На некои патишта, според непотврдени информации полицијата запирала возила кои се упатувале кон Белград.

Крајот на студентската програма е планиран за 21:20 часот. Граѓанските собранија повикаа луѓето да останат во Славија по 21 часот.

Група студенти во блокада го преминуваат Бранков мост од Нов Белград, како и граѓани кои одат на протест.

Поддржувачите на СНС се упатија кон литературната вечер, поточно кон Пионерскиот парк.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен и таткото на 17-годишникот кој пукаше во училиште во Крагуевац

ВИДЕО: Матуранот кој пукаше во училиштето во Крагуевац ја зел пушката од татко му, пред пукањето објавил фотографија со оружјето

ВИДЕО: Пукање во училиште во Крагуевац, има повредени

Катерина Ѓуровски

Седумка на „Лото“ падна во Ниш – среќниот добитник побогат за 3.400.000 евра

А1он

Обвинителството бара притвор за шестмина осомничени поради закани кон Бранкица Станковиќ

Кој е Александар Чупиќ: Претседател на Народното собрание и вршител на должноста претседател на Србија

Горан Наумовски