Полицијата во Софија уапси 33 демонстранти

Од:

Најмалку 33 лица се уапсени во Софија за време на демонстранциите против сиромаштијата и корупцијата, соопшти денес бугарското Министерство за внатрешни работи.

Само неколку дена по оставката на Владата, околу 10.000 бугари започнаа мирни протести, заради незадоволство состојбата во земјата.

Началникот на полицијата во Софија соопштил дека во текот на вечерта биле уапсени 30 млади лица кои палеле контејнери и кршеле автомобили. Три лица се приведени на почетокот на протестот, а кај нив се најдени палки за хокеј и безбол, како и ножеви.

Заради сиромаштијата, поскапувањето на струјата и корупцијата во Бугарија со денови траат демонстрациите. Парламентот на Бугарија на 21 февруари ја прифати оставката на владата на премиерот Бојко Борисов, а предвремените избори се најавени за на пролет.

 

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“