Полицијата тврди: Нема траги дека Данка била во подземните канали

Од:

Специјалистички екипи за спасување од урнатините на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на српското МВР од раните утрински часови темелно го пребаруваа тунелот, подземните канали и шахтите со вкупно должина од околу 4,5 километри, во месноста Бањско Поле до градот Бор, и во таа прилика не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ.

– По повеќе од 70 часа детално пребарување на теренот во Бањско Поле, припадниците на МВР продолжуваат интензивно оперативно за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за исчезнувањето на детето – соопшти српската полиција.

Би можело да ве интересира

Осомничените убијци на Данка одат на психијатриско вештачење

Правна игра на таткото на убиецот на малата Данка, сега бара нов адвокат

Родителите на Данка плачеа додека дава исказ во Обвинителството

Родителите на убиената Данка: Се е лага, монструмите се уапсени, но се уште не ја знаеме вистината

12 дена се трага по телото на Данка, осомничените ќе одат на психијатриско вештачење

Во потрагата по Данка полицијата пребарува депонии и резервоари со вода

Горан Наумовски