Полицијата не успеа да влезе во Лазарат

Од:

Албанската полиција повторно не успеа да влезе во селото Лазарат, кое е познато по големото производство на марихуана, јави дописникот на МИА од Тирана.

По многуте акции во повеќе делови на земјата и уништувањето на над 25 илјади стебла со марихуана, албанската полиција не успеа да влезе и да го контролира Лазарат, чии жители се „одбранија“ со пукотници од тешки митролези.

Како последица на пукањето едно лице е тешко рането од заталкан куршум во селото Кордоч кај Лазарат, додека полицијата морала да се повлече.

Со оваа акција паѓаат во вода тврдењата на полициските функционери дека полицијата е присутна во општина Лазарат, позната во светот по производство на марихуана, но и како бастион во кој полицијата нема пристап.

Како што јвауваат албански медиуми, пукотници се слушале цела ноќ, во акцијата биле вклучени 500 полицајци, но тие засега се само во опколување на поширокиот регион на Лазарат.

Во рамките на акцијата се вклучени и припадници на специјалната полициска единица РЕНЕА, а акцијата ја раководи лично директорот на полицијата Артан Дида.

Полицијата апелира на соработка како од жителите така и од локалната власт на општина Лазарат и најави дека нема повлекување.

Годишно само во ова подрачје се произведуваат 900 тони марихуана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“