Пограничните пропусници меѓу Хрватска и БиХ поскапи за 400 отсто

Од:

Пограничните пропусници што ги користат граѓаните од двете страни на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина, по влезот на Загреб во Европската унија, поскапеа за 400 отсто.

Од почетните 60 куни сега тие чинат 300 куни, односно околу 40 евра.

Врз основа на Договорот за пограничен промет и соработка меѓу Хрватска и БиХ, склучен во 2003 година, во полициските управи и станици во пограничното подрачје почна издавање погранични приопусници чија цена беше 60 куни. Но, од 1 јули пограничните пропусници според новите правила поскапеа многу што предизвика огорчување кај локалните жители, јавуваат локални медиуми.

Се уште не е познато колку ќе чинат пропусниците за државјаните на Хрватска, но се претпоставува дека ќе бидат околу 80 конвертибилни марки (35-40 евра).

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина