Подметнат пожар во зградата на весник и радио во Атина

Од:

Импровизиран експлозивен механизам, веројатно е причината за пожарот во зградата на групацијата „Real“ во северниот дел на Атина, каде што се наоѓаат канцелариите на весникот „Real news“ и радиото „Real fm“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, пожарот избувнал околу три часот утрово на третиот кат од зградата, а една вработена била спасена од пожарникарите и со проблеми со дишењето, превентивно била пренесена во болница.

Противпожарната служба интервенирала со 18 пожарникари и шест возила, а два часа подоцна пожарот бил изгасен.

Сопственикот и новинар Никос Хаѕиниколау на неговиот Твитер профил напиша дека пожарот бил подметнат и се слушнале три експлозии, додека пак според медиумите, по гаснењето на пожарот биле пронајдени остатоци од импровизиран експлозивен механизам.

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому рече дека „подметнување пожар во канцелариите на „Real Group“ е чин за осуда“ и додаде дека „секој што мисли дека на овој начин ќе ѝ наштети на слободата на медиумите се лаже“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Грчки дипломатски извори: Македонија имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот

Маж убиен со повеќе од 10 куршуми среде ноќ во Атина

Во Атина: Го убил помалиот брат по расправија за облека