Подгорица потврди: Патријархот Порфириј беше загрозен на Цетиње

Од:

Потпреседателот на црногорската влада, Дритан Абазовиќ изјави дека постоела голема безбедносна закана за Патријархот Порфириј.

„Истрагата ќе ги утврди деталите и фактите за безбедносната закана за време на устоличувањето на Митрополитот Јоанакиј на Цетиње“ – рече Абазовиќ.

Тој оценува дека безбедносните служби положиле сериозен испит иако според него од целиот настан ќе остане „горчлив вкус“.

Абазовиќ објаснува дека немало случаи на откажување послушност во безбедносниот сектор, туку дека постоеле случаи на одредено емотивно колебање кај одредени поединци.

„Секторот за безбедност функционира беспрекорно. Не дозволувам на луѓето да им се става на товар нешто што не било нивна грешка. Секој кој одбил задача, ќе биде суспендиран“ – вели потпреседателот на црногорската влада.

Додава дека државата не е таа што одредува дали некој во одредена црква може да изврши обред, туку нејзина задача е да ги заштити уставните права.

„Никој освен мене немаше да излезе пред јавноста и граѓаните ако му се случеше нешто на патријархот на СПЦ. Не дозволувам на никој начин да се фрла сенка на работата на службениците на полицијата. Не се гордееме со употребата на солзавец, но овде недостасува дијалог и политичка култура“ – вели Абазовиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски