Подгорица ќе добие споменик на Тито

Од:

Подгорица, главниот град на Црна Гора кој во СФР Југославија го носеше името Титоград, ќе добие споменик на некогашниот југословенски лидер Јосип Броз Тито.

Одлуката градските власти ја донесоа вчера. Градоначалникот Иван Вуковиќ, кој е и иницијатор на идејата, смета дека подигањето споменик на Тито „не е југоносталгија, туку доказ дека Црна Гора останува цврсто на своите анти-фашистички определби“, пренесуваат „Јутарњи вијести“.

– Анти-фашизмот во Црна Гора е жив и земјата нема да скршне од тој пат. Титовиот режим не беше демократски, но другите опции беа многу полоши, изјави Вуковиќ.

Во образложението се истакнува дека на овој начин се овековечува споменот за истакнат револуционер, анти-фашист и државник кој ја почитувал Црна Гора и нејзината историја.

Би можело да ве интересира

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“