Подемот на Беливук на трибините: Клучното дерби во пресметката за регионалниот нарко-пазар

Од:

Криминалната група на Вељко Беливук, познат како „Веља Невоља“ практично е настаната на трибините каде што биле создавани „војници“, а според познавачите клучен момент во преземањето контрола било големото српско вечно дерби во 2017 година.

На крајот од таа година на стадионот во „Хумска“ имаше крвав инцидент во кој се пресметаа две навивачки фракции на Партизан во своевиден обид за преземање на јужната трибина. Во наредниот период следуваше цела серија трагедии во кои беа убивани, ранувани или мистериозно изчезнуваа водачи на навивачките групации на „црно-белите“.

Четри години по пресметката на 156. дерби ситуацијата полека се разјаснува, а се претпоставува дека тепачката во која учествуваа и шест хрватски државјани всушност била пресвртница во навивачко-мафијашката битка зад која практично стоела борбата не само за превласт на трибините туку и за контрола на регионалниот нарко-пазар.

Сомнежите се дека иницијатор на тепачката бил Филип Корач. Целта била преку екипата на Кими Радисављевиќ, поранешниот лидер на „Алкатраз“ да се дојде до контрола на јужната трибина која пак веќе во тоа време ја „држел“ Беливук по убиството на Александар Станивуковиќ-Сале Мутви. Обидот пропаднал, а низ регионот кружеа фотографии на крвавите и уапсени навивачи меѓу кои и шестмина Хрвати, кикбоксери од Сплит.

По оваа пресметка почнаа суровите и брутални напади над навивачите низ цел Белград.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он

Беливук сонуваше да биде Легија вели човекот кој го уништи Земунскиот клан

Горан Наумовски