Под драконски безбедносни мерки во Атина ќе се одбележува годишнината од бунтот против хунтата

Од:

Во пресрет на утрешното одбележување на 45-годишнината од студентскиот бунт против хунтата, грчката полиција презема драконски безбедносни мерки во Атина.

Полицијата ќе ангажирани околу 5.000 свои припадници, хеликоптери и дронови, со цел да се спречи какви било инциденти.

Голем број од главните улици и булевари во центарот на Атина, кака и три метро станици, ќе бидат затворени за сообраќај.

Годишнината од студентскиот бунт секоја година во Атина се одбележува со протестен марш од пред зградата на Политехничкиот факултет, кој важи за симбол на бунтот, бидејќи оттаму во 1973 година започна борбата против воената хунта. Учесниците на маршот, најчесто членови на левичарски организации, здруженија и партии, протестот го завршуваат пред Амбасадата на САД.

Во изминатите години собирите често завршуваа со сериозни инциденти и судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Освен во Атина, протести и маршеви ќе се одржат и во други грчки градови.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент