Почнува судењето против Горан Хаџиќ

Од:

Пред Хашкиот трибунал, со воведните зборови на обвинителството, ќе започне судењето на поранешниот претседател на самопрогласената Република Српска краина, Горан Хаџиќ, обвинет за злосторства над Хрватите во источна Славонија во текот на 1991 и 1992 година.

Процесот против Хаџиќ е последен пред Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југослација во Хаг. Хаџиќ, на возраст од 54 години, е обвинет по 14 точки за прогон, истребување и убиство на несрпско население, затворање, мучење, грубо постапување и нехумани дела, депортација и присилно селење и за уништување на културни и верски објекти.

Вината за тие злосторства, Хаџиќ во август минатата година ги негираше пред судијата на Трибуналот. Покрај судијата Делвоа од Белгија, членови на расправниот совет во процесот на Хаџиќ ќе бидат и Бартон Хол од Бахамите и Антоан Минду од Конго.

Хаџиќ, по седумгодишно криење, на 19 јули 2011 година српските власти го уапсија на Фрушка Гора, а на 22 јули беше префрлен во притвор во Трибуналот во Шевенинген. Според обвинението, Хаџиќ од август 1991година до крајот на јуни 1992 година учествувал во злосторничко здружување, чија цел било трајно и насилно отстранување на Хрвати од големи делови на територијата на Хрватска.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени