Почна „Отворен Балкан“, Рама ги повика другите земји да станат дел од иницијативата

Од:

Седмиот состанок во рамки на иницијатвата „Отворен Балакан“ што почна претпладнево во Тирана, со присуство на македонскот премер Зоран Заев и српскиот претседател, Александар Вучиќ, домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама, го почна со повик до Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да станал дел од оваа иницијатива.

-Почитуван Александар, драг Зоран, драги пријатели од регионот, вистинско задоволство е да ви посакам добредојде денес во Тирана. Задоволство ми е да ви кажам дека денешниот ден е клучен момент во нашиот процес, бидејќи договорите што ќе бидат потпишани ќе направат важен чекор напред кон нашата цел; да гарантираме целосна слобода на движење на луѓе, стоки, капитал и услуги. Дозволете ми да поминам низ секој столб на Отворен Балкан со повторување на повикот за сите да се приклучат, бидејќи Отворен Балкан е инклузивна иницијатива и секако охрабрувајќи ги другите три земји во регионот да бидат дел од овој напор,за да одиме напред за доброто на наштенарод, рече Рама.

Додаде дека во областа на слободата на движење на стоки ќе биде потпшан трипартитниот договор за извоз, сточарство и признавање на сертификати за акредитација и олеснување на извозот и увозот на стока, како и договорот за соработка во областа на ветеринарната медицина, храната итн.

-Дозволете ми да се вратам на фактот дека секогаш кога сме зборувале за ова, преку Берлинскиот процес, тоа го прави „Отворен Балкан“. Можеби звучи технички, но договорот претставува пресвртница на овој пат. Тоа практично ја отстранува постојаната бариера за отворените земјоделци. Отворениот Балкан е повеќе стремеж отколку иницијатива. Тоа е чекор напред кој го отвора Балканот и го подготвува за интеграција во ЕУ, рече меѓу другото Рама.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

A1on

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“