Почна 11. стратешки форум во Словенија – „Да ја сочуваме иднината”

Од:

Во днешнината, каде владее голема несигурност, неопходно е лидерство, заеднички визии и барање општи сестрани решенија, гласи заклучокот од синоќешното отворање 11-от стратешки форум во словенечкиот град Блед, со наслов „Да ја сочуваме иднината”.

– Доколку не ги решиме ефикасно проблемите на безбедноста и миграцијата, нема да можеме да ги насочиме своите напори во однос на прашањата на развојот на економијата, како и на нашата иднина. Современите предизвици само се наголемуваат, и тие сега се почести и посложени, затоа решението треба да има глобален карактер, истакна словенечкиот премиер Миро Церар.

Тој додаде дека во Европската Унија се повеќе расте популизмот, скептицизмот, па дури и изолационизмот, што бара сериозна анализа и зајакнување на довербата, за да може да се изгради „посилен и поефикасен сојуз”.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски