По потпишувањето на договорот во Вашингтон и преговорите во ЕУ, Вучиќ утре на состанок со Додик

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре во Белград ќе се сретне со српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик.

Состанокот треба да започне во 11:30 часот во Вила Мир, соопшти прес-службата на претседателот на Србија.

Овој состанок на претставниците од двете држави доаѓа откако Србија минатата недела потпиша економски договор во Вашингтон, но и откако американскиот специјален претставник Метју Палмер ја посети БиХ, каде разговараше со Милорад Додик.

Вучиќ и Додик разговараа претходно во Белград во пресрет на договорот од Вашингтон, каде Додик се обиде да ја наметне темата за поврзување на горливото прашање на Косово со Република Српска, но како што изјави српскиот претседател, тоа не било тема на разговор во Овалната соба.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ќе барам одговорност за секое насилство врз секој граѓанин на Србија додека сум жив

А1он

Додик: Источно Сараево е нашата стратешка област

Додик му порача на Сараево: Екстрадирајте го Шмит во Српска и ќе ја решиме кризата во БиХ

Европската унија ги потсети Вучиќ и Фицо дека не треба да одат во Москва на прославата на 9.мај

ВИДЕО: Тензично во Сараево по неуспешниот обид за апсање на Милорад Додик

Додик: Не се откажувам од воен сојуз со Србија и Унгарија

А1он