По обработени 99,40 отсто од гласачките ливчиња, прва политичка сила е коалицијата ГЕРБ-СДС

Од:

Со обработени 99,40 отсто од гласачките ливчиња, најмногу гласови на изборите во Буѕгарија доби коалицијата ГЕРБ-СДС со 25,37 отсто (632.097 гласови). Ова го покажуваат податоците на Централната изборна комисија објавени утрово, јави БТА.

Според нив, во парламентот влегуваат седум политички формации.

Коалицијата „Продолжуваме со промените“ е на второто место со 20,21 отсто (503.549 гласови). На трето место е „Движење за права и слободи – ДПС“ со 13,66 отсто (340.211 гласови).

По нив следува партијата „Преродба“ со 10,17 отсто (253.321 глас), а по неа е „БСП за Бугарија“ со 9,32 отсто (232.101 глас).

„Демократска Бугарија – обединување“ има 7,46 проценти (185.753 гласа) и „Бугарски подем“ – 4,64 проценти (115.588 гласови).

„Има таков народ“ доби поддршка од 3,83 отсто од гласачите (95.505 гласа).

Опцијата – Не поддржувам никого ја одбрале – 87.378 гласачи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада