По наредба на Вучиќ, вооружените сили на Србија се во готовност поради ситуацијата на Косово

Од:

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека по наредба на претседателот Александар Вучиќ, српската армија е во состојба на готовност, а нивото на борбена готовност е подигнато поради ситуацијата на Косово.

Вучевиќ во гостувањето на телевизија Хепи изјави дека Србија е сериозна земја и затоа никој не треба да игра „воени игри“.

„Не можеме да бидеме опуштени и се залагаме за дијалог“, рече тој.

Тој рече дека армијата е подготвена да ја изврши секоја наредба на Вучиќ, кој е нејзин врховен командант, заштитувајќи ги сите граѓани на Србија, вклучително и Србите на Косово, „и во тоа никој не треба да се сомнева“.

„Србија е за дијалог. Подобро е да се преговара илјада дена отколку да се биде во ров еден ден“, рече Вучевиќ.

Тој рече дека „кога Србија зборува за мир и стабилност, тоа не значи дека е слаба или кукавица, бидејќи нејзината армија е многукратно посилна отколку што беше и постапува според наредбите на шефот на државата и претседателот. “.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи