Членови на Општинската изборна комисија (ОИК) во северниот дел на Косовска Митровица, придружувани од специјалната косовска полиција, упаднаа во просториите што ги користеше ОИК на претходните избори, а низ градот одекнаа топовски истрели, а се слушаа сирени, објави Косово онлајн.
Сирени се слушаат и во Лепосавиќ, а забележливо е зголемено присуството на припадници на ЕУЛЕКС.
Косовските медиуми известуваат дека хеликоптерот КФОР во неколку наврати ја прелетале општината.