По Бања Лука, и Сараево набавува три хеликоптери

Од:

Властите во Сараево донесоа одлука за набавка на три хеликоптери, за кои се одобрени средства во буџетот за годинава, а експертската јавност оценува дека тоа е своевиден одговор на формирањето полициска единица во Бања Лука, за која од Русија претходно се купени три летала.

– Официјалните објаснувања ја потенцираат примарната цел за поддршка на граѓанското општество, но не може да се избегне впечатокот дека ова е еден вид одговор на формирањето полициска единица во Бања Лука со три хеликоптери „Ансат“. Повеќенаменската примена е официјалното образложение за набавка на три летала – еден за потребите на МВР на кантонот Сараево и две за Федералната управа за цивилни работи, се наведува во текстот на порталот Балканска безбедносна мрежа.

Порталот потсетува дека Министерството за внатрешни работи на Република Српска минатата година добило два хеликоптера „Ансат“, а набрзо се очекува испораката на третиот. Тие хеликоптери летаат како дел од Специјалната антитерористичка единица (САЈ), а покрај полициските задачи се очекува „Ансат“ да транспортира повредени и болни лица.

Во Федерацијата, пак, моментно лета само еден државен хеликоптер – антитерористичка полициска единица Bell 206 Jet Ranger III, стар 40 години.

МВР на кантонот Сараево сега ќе формира единица што ќе има едно летало. За таа набавка се планирани околу 12,3 милиони евра. Минатата есен беше планирано да се обезбедат само пари за почеток на набавката, но во меѓувреме беше одлучено да се забрза постапката и веднаш е побаран најголемиот дел од парите.

Иако властите тврдат дека не се фаворизира ниту типот на авионот, ниту производителот, сараевските медиуми шпекулираат дека изборот ќе биде на хеликоптерот Бел 412.

– Владата на Федерацијата БиХ годинава ќе влезе во процес на набавка на два хеликоптера и два авиона Ертрактор АТ-802. Во буџетот за почетната фаза се планирани околу 15,4 милиони евра. Планот е да се формира воздухопловна единица во рамки на Сојузната управа за цивилна заштита, пред се за противпожарна заштита, се наведува во текстот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина