Разговорите со Русија за војната во Украина треба да започнат бидејќи рускиот претседател Владимир Путин може да биде трпелив, а рускиот народ може да ги издржи санкциите, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на работниот појадок во рамки на Светскиот економски форум во Давос.
„Не гледам никаква драматична работа внатре во Русија, дека 15, 16 или 26 пакети санкции промениле нешто во нивниот начин на размислување, а тоа се случило во минатото“, рече Пленковиќ на панелот „Украински појадок“.