Пленковиќ сигурен дека ќе има парламентарно мнозинство

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ убеден е дека ќе обезбеди парламентарно мнозинство и оти наскоро ќе бидат именувани нови министри и претседател на Саборот на местото на членовите на Мост, кои беа досегашен партнер во Владата на ХДЗ.

На прашањето кога Хрватска ќе добие нови министри и нов претседател на Парламентот, Пленковиќ одговори: многу наскоро, јавува Хина.

– Хрватска има крупни проблеми и моја задача е да ги решавам, истакна Пленковиќ, дополнувајќи дека негова цел е што побрзо да го реконфигурира парламентарното мнозинство и да продолжи со работа.

Пред два дена, помалиот коалициски партнер во владејачката десноцентристичка коалиција во Хрватска ја напушти Владата, откако Пленковиќ ги разреши министрите кои гласаа за смена на министерот за финансии Здравко Мариќ.

Пленковиќ на седница на Владата ги разреши министрите за внатрешни работи Влах Опериќ, министерот за правда Анте Шпрље и министерот за заштита на животната средина и енергетика, Славен Добровиќ, кои гласаа против Мариќ.

Владата одлучуваше за предлогот на опозицијата за изгласување недоверба на министерот за финансии Здравко Мариќ, а премиерот Пленковиќ ги повика сите министри да се изјаснат против изгласувањето недоверба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Куриозитети од изборите во Хрватска: Во место во Далмација, Милановиќ ги доби сите гласови

Признание за мене, но и порака за власта, порача Милановиќ во победничкиот говор

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Милановиќ со предупредување до Пленковиќ: Не се обидувај неуставно да ја преземеш командата на армијата

Предраг Петровиќ