Пленковиќ побарал од Вучиќ да го реши прашањето на учебникот што го негира хрватскиот јазик

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска, на кратка средба во Брдо кај Крањ, на српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека треба да се реши прашањето за учебникот во кој се негира постоењето на хрватскиот јазик.

Хрватскиот премиер се сретна со Вучиќ на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан.

-Му кажав да го реши прашањето за учебниците што практично го негираат постоењето на хрватскиот јазик, рече Пленковиќ подоцна за хрватските медиуми.

Хрватскиот премиер изјави дека тоа „треба да се поправи“ и додаде дека Вучиќ му возвратил „дека ќе види што може да направи од таа страна“.

Учебникот по граматика на групата автори „Од зборови на дела“ за учениците од осмо одделение во Србија наведува дека српскиот, словенечкиот, македонскиот и бугарскиот јазик припаѓаат на групата јужнословенски јазици и дека „Хрватите, Бошњаците и некои Црногорци српскиот јазик го нарекуваат хрватски, босански, бошњачки и црногорски “.

Ден пред средбата со Вучиќ, Пленковиќ кажа дека „негирањето на хрватскиот јазик во учебникот на Република Србија е срамно и недозволиво“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб