Пленковиќ: На хрватските граници има 6.500 полицајци поради мигрантите

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека на границите на Хрватска се ангажирани 6.500 полицајци со цел спречување на илегалната миграција.

Тој додаде дека полицијата има многу добар увид каде, кога и како да реагира со цел хрватската територија да се заштити од илегални мигранти.

– Нашата политика кон миграциите, па и кон Босна и Херцеговина е заснована на соработка меѓу државите и полициите. Таа е дневна, континуирана, интензивна и остварува темелни резултати – спречување илегални миграции, рече Пленковиќ во Парламентот одговарајќи на пратеничко прашање за центарот за мигранти во БиХ кој треба да се отвори во близина на хрватската граница.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

ВИДЕО: Објавена снимка од хрватскиот вицепремиер како пука од автомобил на улица, си поднесе оставка

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он

Загреб: МВР потврди дека е уапсена мајката на детето кое се бара во Сава

Продолжува потрагата по девојчето кое исчезна во реката Сава во Загреб

Горан Наумовски

Загреб: Прекината е потрагата по тригодишното девојче кое исчезна во Сава

Горан Наумовски