Пленковиќ го разреши Баножиќ

Од:

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и се обрати на јавноста за сообраќајната несреќа која денеска ја предизвика министерот за одбрана Марио Баножиќ. Во несреќата загина возачот на комбето (40), а Баножиќ е тешко повреден. Пленковиќ најпрвин му изрази сочувство на починатиот возач на комбето Горан Шариќ.

„Ги слушнавте околностите на несреќата и изразуваме жалење и загриженост за состојбата на министерот кој беше хоспитализиран со тешки повреди. Изразивме сочувство до семејството на г-дин Шариќ. Во контакт сме со сопругата на министерот Баножиќ. Го отпуштив Баножиќ“, рече тој.

„Лицата кои се заштитени д втора категорија имаат правило дека можат сами да возат. Тој го управувал своето лично возило. Подобро е заштитените лица да ги возат професионалци“, рече тој.

Како што се дознава, Баножиќ одел на лов кога се случила несреќата. Во несреќата загина 40-годишен маж од Привлака, татко на две деца. Окружното државно правобранителство објави дека Баножиќ престигнувал возило пред себе, во магла, па директно се судрил со комбе кое доаѓало од другата насока.

Несреќата се случила во 6.15 часот на излезот од Винковци во правец кон Жупања. Баножиќ беше во болницата во Винковац, а потоа беше префрлен во КБЦ Осиек. Од болницата во Осиек било пријавено дека Баножиќ е на одделението за интензивна нега, дека има повреди на мозокот, градниот кош и екстремитетите и дека неговиот живот не е во опасност.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Се преврте камион на патот кон Косово, утре изутрина можно е да има краткотраен прекин или пренасочување на сообраќајот

Двајца иселеници од Дебарско загинаа во сообраќајка во Италија

Скопјанец со возило удри двајца малолетници, повредените завршија во болница

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено