Пленковиќ го демантира шефот на НАТО и тврди дека дронот бил вооружен

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Загреб го демантираше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој изјави дека дронот што падна во главниот град на Хрватска немал експлозив.

– Не беше „unarmed“ (невооружена), туку беше со експлозив, изјави Пленковиќ на прес-конференција во Загреб, а како доказ на новинарите им покажа фотографии на кои, како што наведе, се гледаат траги од бомба.

Тој додаде дека сега е познато дека дронот од советско производство, кој се урна во четвртокот вечерта во Загреб, носел експлозив.

„Тоа летало, со оглед на тоа што има голема конфузија, мораме да ги растераме и елиминираме сите можни неточни информации, носеше експшлозив“, нагласи хрватскиот премиер, велејќи дека на фотографиите се гледа дека има делови од бомба.

Хрватскиот премиер повтори дека истрагата е во тек и дека се прави обид да се утврди за каква бомба станува збор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пленковиќ најавува формирање влада: Веќе имавме разговори, наскоро ќе се знае

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Милановиќ продолжува со циркусот, маските паднаа

ВИДЕО: Пленковиќ „нападнат“

Ковачевски-Пленковиќ: Евроинтеграцијата на Македонија е најдобар механизам за напредок на земјата

Ковачевски-Пленковиќ: Силна поддршка од Хрватска за членство на С. Македонија во ЕУ

Ана Ололовска

Пленковиќ во официјална посета на Северна Македонија

Ана Ололовска