Планинар загина при удар на гром во Грција

Од:

Планинарската трка на планината Фалакро во Драма заврши со трагедија, бидејќи еден од планинарите загина при удар на гром, додека другиот натпреварувач е во тешка состојба, јави грчкиот јавен сервис „ЕРТ“.

Третиот алпинист, кој цела ноќ останал со загинатиот и повредениот тркач, покажал знаци на хипотермија, а со нив била и жена која во шок била однесена дома.

Во акцијата за спасување учествувале 14 пожарникари со пет возила. Повредените мажи со хеликоптер биле пренесени во болницата во Кавала.

Трката започна во саботата вечерта, во подножјето на Фалакрос, а поразениот тим бил блиску до целта пред несреќата.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент