За втор случај на уловена пирана во реката Марица објавија грчки медиуми. Рибата е уловена во неделата од претседателот на здруженијата на риболовци во градот Орестиада, Костас Цолакидис.
Рибарот наведе дека пираната ќе ја испрати на анализа.
Пред неколку дена беше соопштено за турски рибар кој уловил пирана од 45 сантиметри во реката Марица. Во изјава за Анадолија, тој рече дека најверојатно рибата била пуштена од аквариум и не исклучи можност да има и други пирани во реката.