Пицула очекува дека еврокомисијата ќе одбие да ја спроведе одлуката за визите

Од:

Европратаеникот Тонино Пицула очекува дека Европската комисија ќе одбие да ја спроведе одлуката на Европарламентот за усвојување механизам кој овозможува на земјите од Западен Балкан повторно привремено да им се воведат визи.

Во интервју за „Дневни Аваз“ тој вели дека неколку еврокомесари изнеле очекување оти одлуката донесена минатиот четврток во Стразбур ќе се најде пред судиите во Европскиот суд на правдата во Луксембург.

Пицула вели дека при гласањето бил воздржан, како и останатите европратеници од Хрватска.

– Бев воздржан и ќе објаснам зошто. Како прво, пред гласањето, барав таа точка да се одложи и да не се изјаснуваме. Сметав и сметам дека ЕК вакво нешто нема да прифати поради одредбите кои се дополнително додадени. За време на подготовките за таа точка од дневниот ред колешката Тања Фајон ни рече дека станува збор за  нешто што излегува од рамките на Лисабонскиот договор, но и практиката ЕП да има целосна контрола над расправата дали некому треба да се ведат визи или не. Поради некои `иновации`, сега на државите, под изговор за `вонредна состојба`, им се дава право поради сопствени интереси некому да можат да наметнат визи“, рече Пицула.

– Баравме таквиот предлог воошто да не се разгледува, но бевме надгласани, рече европратеникот.

– Не можам на таков начин да поддржам промена на односите меѓу трите европски институции: Парламентот, Комисијата и Советот, затоа што со тоа би се отворила можност неселективно и дискриминаторски да се однесуваме кон земјите од Западен Балкан, вели Пицула. Тој истакнува дека одделни комесари сметаат дека одлуката на ЕП е целосно неприфатлива.

– Ќе биде многу интересно да се види дали ЕК ќе се обрати до Европскиот суд на правдата во Луксембург,  кој потоа ќе мора да донесе став за тоа дали ЕП погрешил или не. Јас мислам да. Но неможам да зборувам во име на ЕК. Слушнав ставови дека Комисијата така ќе реагира, истакна Пицула.

На прашањето дали очекува Советот на министри на ЕУ во Одборот за правосудство и внатрешна безбедност да го одбие ставот на ЕК, Пицула рече дека е тешко за тоа да се зборува и оти се зависи од тоа колку се политички силни притисоците на оние кои довеле до тоа да се измени нешто што било претходно усогласено во ЕП и имало речиси едногласна поддршка.

– Ако истите што ги изнудија овие промени во Парламентот и натаму бидат вака успешни, тогаш нема лесно да се откаже. Имајте на ум дека на Европскиот суд му се обраќаат само европски институции – Парламент, Комисија, Совет… ќе видиме дали и кој ќе реагира. Но лично сметам дека треба да се очекува правна акција од Комисијата, рече европратеникот Тонино Пицула.

Би можело да ве интересира

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци

Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија

ФТ: ЕУ планира следната недела да го суспендира договорот со Русија за визно олеснување

Литванија сака регионално решение доколку ЕУ не се согласи да ги забрани туристичките визи на Русите

Од февруари лотарија за термини за визи за Германија