Петров: Не гледам можност за соработка со Карамарко

Од:

Хрватскиот вицепремиер Божо Петров денеска изјави денеска дека откако го поддржа предлогот за разрешување на првиот претседател на Владата и лидер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко, неговата партија Мост на независни листи (Мост), не гледа на каков начин би можела да ја продолжи соработката со него во владиниот Кабинет, јави Хина.

– Ако сме за разрешување, не гледам искрено на кој начин можеме да останеме (во Владата). Секако, јас реков дека Националниот совет (на Мост) ќе донесе одлука, но тешко дека ќе ги намалиме критериумите, одговори Петров на прашањата на новинарите во Саборот дали е можно продолжување на соработката меѓу Мост и ХДЗ во Владата. 

Тој повтори дека 12-те пратеници на Мост остануваат при истата одлука дека во Саборот ќе гласаат за разрешување на Карамарко, а на изјавата на Карамерко дека „ХДЗ и без Петров како камен во чевлот ќе спроведува реформи“, тој возврати: „Супер, камен се тркала, некогаш од Банските двори до Саборот, а некогаш во спротивен правец“. 

На прашањето дали постои можност тој лично да си замине од Владата а министрите од Мост да останат, тој одговори: „тешко“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ужас во Хрватска: Влета во смрт, пред несреќата објавувал видео како вози 200 на час

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер