Со специјален хуманитарен лет од Москва денеска во Софија се враќаат 64 бугарски државјани кои живеат во Русија, меѓу кои и бугарскиот амбасадор Атанас Крастин.
Тоа го соопшти премиерот на Бугарија Кирил Петков на прес-конференцијата со премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на Романија Николае Чука и на Црна Гора Здравко Кривокапиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот амбасадор Крастин се враќа поради консултации, како што најави Петков пред една недела.
Со таквиот потег Бугарија испраќа сигнал до Русија да ја повлече својата амбасадорка од Софија, Елеонора Митрофанова, која предизвика силен бран негативни реакции поради нејзините навреди и квалификации кон бугарските институции, нарекувајќи го премиерот Кирил Петков „функционер кој немал право да ја критикува“.
Извор: МИА