Петков: Бугарија нема да подлегне на рекетот на Русија

Од:

Бугарскиот премиер Кирил Петков на почетокот на седницата на бугарската влада рече дека таа е подготвена за сценарио за прекин на испораката на рускиот природен гас, а од своја страна во моментов го разгледува договорот за транзит низ неговата земја.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Петков, Бугарија нема да подлегне на рекет и уцени да го плаќа природниот гас во руски рубљи, а во исто време нема да го намали снабдувањето со природен гас за потрошувачите во земјата. Министерството за енергетика на Бугарија има јасен акциски план во сегашната ситуација, рече Петков. Премиерот на Бугарија коментираше дека властите во земјата на ниту еден начин нема да го намалат снабдувањето со гас на потрошувачите.

Прекинот на испораката на гас за Бугарија од страна на Газпром е кршење на сегашниот договор, рече Петков. Според него, Бугарија ги преиспитува сите договори со Гаспром, вклучително и договорот за транзит низ Бугарија, бидејќи еднострано дејство на изнуда е неприфатливо.

Бугарскиот премиер денеска имаше телефонски разговор и со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис. Петков од него добил уверување дека физичката изградба на интерконекторот со Грција ќе заврши во јуни. Петков најави дека постои можност и за испораки пред тоа кон Бугарија од Грција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина