Навивачката група „Екстреми“ од Нови Пазар, чии членови беа уапсени поради транспарентот „решен ребус, срце, бубрег, плуќа, да живее жолтата куќа“, на официјалниот Фејсбук профил поставија песна „На крајот од селото, жолта куќа“ и со коментари продолжија со потсмевање за злосторството од 1999 година.
Со коментар „Со сарказам против сарказмот“ и со потсмев навивачката група постави и песна која алудира на локацијата дека што според специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, во време на судирите во 1999 година па се до средината на 2000 година им се вадени органи на Срби, а потоа се продавани во Европа.
Повеќе од 60 коментари оставиле навивачите на Нови Пазар на песната, а во секој од нив има, навреди и псовки, меѓутоа не останаа пократки ни од другата страна.
Се чека реакцијата на српките власти.