Пелеши: Албанија не може да си дозволи да купи и одржува авион за гаснење шумски пожари

Од:

Албанија не може да си дозволи да купи и одржува авион за гаснење шумски пожари, изјави албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши пред парламентарната комисија за безбедност, објави веб-страницата „Егзит“.

Опозициските пратеници го прашаа Пелеши за способноста на земјата да се бори со пожарите, откако неодамнешниот пожар на островот Сазан ја откри неподготвеноста на албанските власти да гаснат пожари од воздух. Откако не успеаја обидите за гаснење на огнот на теренот, Албанија повика грчка интервенција.

Пелеши рече дека Албанија не може да си дозволи да купи специјален противпожарен авион или да плати за неговото одржување.

„Ние сме мала земја, не вреди да се инвестира во авион кој чини 50 милиони евра, и да ги имаме не сме во ситуација да инвестираме 50 милиони евра во нешто што ќе го користиме еден месец, а кон тоа се додава и цената на поддршката која е многу висока“, објасни министерот.
Тој додаде дека „добрата вест“ е што Албанија има соработка со други земји кои можат да помогнат во такви случаи.

На ова денеска преку објава на Фејсбук реагираше Сали Бериша, лидер на крилото за обнова на Демократската партија, кој обвини дека “премиерот Рама за еден лет троши 200 илјади евра, наместо 2.000 со редовна авионска линија”.

Меѓу другото Бериша додава дека министерството треба да биде главен гарант на безбедноста на албанските граѓани а не ” адвокат на злоупотребите и кражбите на Еди Рама”.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он