Павлопулос во официјална посета на Црна Гора

Од:

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, по покана од неговиот колега Мило Ѓукановиќ, од денеска е во официјална, дводневна посета на Црна Гора, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалната програма, претпладнево грчкиот претседател, ќе биде примен од Ѓукановиќ, по што ќе следи и работен ручек, а потоа предвидени се средби со претседателот на црногорскиот Парламент.

Во вечерните часови премиерот Душко Марковиќ ќе приреди работна вечера во чест на Павлопулос.

Утре, грчкиот претседател ќе го посети Правниот факултет на Универзитетот на Црна Гора и ќе одржи предавање на тема „Владеењето на правото и европско обединување“.

Би можело да ве интересира

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски