Патрушев: Во НАТО со сила се вовлекуваат Црна Гора, БиХ и Македонија

Од:

Секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев денеска изјави дека е поставен постојан курс за натамошна експанзија на НАТО, со што се настојува насила во Алијансата да бидат вовлечени Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина.

Во интервју за „Росискаја газета“, Патрушев рече дека постојат континуирани напори да се разместат елементи на американскиот глобален нуклеарен штит во Америка и американскиот антиракетен систем во Јужна Кореја, пренесува ТАСС.

– Консолидираните напори на Западот, меѓу другото, насочени се на подривање на процесот на интеграција со учество на нашите земји, девалвација на идејата `руски свет` во целина, што ја загрозува безбедноста не само на Русија, туку и на одреден број земји, рече Патрушев.

Би можело да ве интересира

Зеленски е подготвен за да ја прекине војната со Русија

Украина до НАТО: Поканете не во Алијансата веќе следната недела

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО