Патрик Мун: Нема можност за распад на БиХ

Од:

САД поддржуваат единствена и суверена Босна и Херцеговина на патот кон ЕУ и во никој случај не постои можност за распад на оваа земја, изјави американскиот амбасадор во заминување во БиХ, Патрик Мун.

Мун нагласи дека тоа не значи дека политичките структури во земјата ќе се променат, додавајќи дека постојат два ентитети во БиХ и нема причини да се менуваат односите меѓу ентитетите и централната власт.

Според него политичарите треба да соработуваат за доброто и во корист на граѓаните.

– Политичарите кои постојано зборуваат за тоа како дополнително да ја поделат земјата се движат по многу опасен пат. Луѓето зборуваат за поделби, а кога таа енергија и време би ги насочиле кон соработка, замислете колку ќе напредува земјата, нагласи американскиот амбасадор.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина