Патријархот Порфорие нареди да им се исплати помош од 100.000 евра на најзагрозените во Босна и Херцеговина.

Од:

Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ) Порфирие нареди преку епархијата Захум-Херцеговина да се испрати еднократна помош во износ од 100.000 евра, за семејствата кои се најзагрозени од поплавите во Босна и Херцеговина.

Помошта ќе се дели без разлика на која вера се и на која нација припаѓаат“, се вели во соопштението на службата за информирање на СПЦ.

Патријархот Порфорие, кој се наоѓа во Канада, упати апел до сите народи на Балканот, особено во Босна и Херцеговина, во овие тешки денови да „покажат меѓусебна солидарност, бидејќи сите си требаме еден со друг“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека Србија е подготвена во истата секунда да и помогне на Босна и Херцеговина доколку сакаат и сметаат дека Србија може да помогне.

„Изразувам сочувство до семејствата на жртвите во БиХ. Секаква помош ако сакаат и ако мислат дека можеме да помогнеме, ние сме подготвени да го направиме тоа во истата секунда. Во хеликоптери во чамци во секој вид поддршка и ако мислат дека можеме да помогнеме, вклучително и финансиска, се што е потребно, доволно е да кажат и ние ќе помогнеме“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора: „Добро се тресеше“

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик