Патријарх Порфириј: Кога би му забраниле на Папата да влезе во Ватикан, целиот свет би се кренал на нозе

Од:

Го повторив и го подвлеков тоа што го кажува самиот претседател (Александар Вучиќ) дека мораме да направиме се за да го зачуваме мирот по секоја цена и лично побарав од претседателот, како и од целата влада, која ја молам преку него, да направи се за да го зачува мирот. Не дај Боже да се случат вооружени судири, бидејќи тие никому нема да донесат добро, изјави патријархот на СПЦ Порфириј по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за актуелната состојба на Косово, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој наведе дека нема да навлегува во рамките на тоа што се граѓански права и верски слободи.

– Ќе кажам само едно – дека Пеќската патријаршија е за нашиот народ, за секој поглавар на нашата црква, она што е Ватикан за Римокатоличката црква или за Латеран, и замислете сега некој без никаква причина, со во најмала рака комично објаснување, само затоа што чувствува желба, да му забрани на Папата да влезе во Ватикан или да го напушти Латеран, рече патријархот на СПЦ.

„Ова го велам затоа што сум сигурен дека целиот свет би се кренал на нозе“, нагласи тој и додаде дека „не постои под небеската капа никој кој нешто одлучува од своја позиција, да не би го кренал гласот и не би го заштитил правото на поглаварот на Римокатоличката црква“.

– Болен е тој факт или прашање – постои ли кој било поглавар на некоја верска заедница кој не може да го посети својот народ и своите верници и да влезе во својата куќа. Манастирот на Пеќската патријаршија е сопственост на Српската православна црква и дом на поглаварот на Српската православна црква, на нејзиниот патријарх, додаде тој.

Порфириј посочи дека вчера се обидел да оствари некои директни контакти со луѓе за кои смета дека можат да помогнат да се отстрани таквата „бесмислена, апсурдна и ирационална забрана“.

-И сега ќе повторам, апелирам до оние кои мислам дека можат со сигурност, ги бирам зборовите и ќе ги искористам најблагите, да влијаат на оние во Приштина кои носат одлука да се промени таквата одлука, рече патријархот.

Истовремено, тој упати барање до оние кои, како што рече, имаат моќ во Приштина, „но и до големите сили, политичките институции кои се важни и носат одлуки во центрите на моќ, одлуки кои често влијаат на животите на сите нас, дека и тие даваат се од себе за да помогнат во одржувањето на мирот и човечките животи да бидат интерес над сите други интереси“.

Патријархот додаде дека сакал, пред сè, да дојде во Пеќската патријаршија за да се помоли заедно со нив на Бога „за сиот наш народ на кој не му е воопшто лесно на Косово и Метохија, кој страда, како и за сите луѓе на светот, за мир во светот, а пред се за меѓусебно разбирање, за соживот и за мир меѓу Албанците и Србите“.

-Затоа, што секако е факт дека само ние меѓу себе со нашите напори можеме подобро да се разбереме, а со векови на просторот на Косово живеат заедно и Србите и Албанците, потсети поглаварот на Српската православна црква.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија