Патријарх Неофит: БПЦ може да сподели Свето миро со МПЦ

Од:

Бугарската православна црква ќе ја разгледа можноста да го сподели своето Свето миро со Македонската православна црква, ако тоа биде побарано, изјави денеска бугарскиот патријарх Неофит.

Поглаварот на БПЦ, кој во софискиот храм „Св.Александар Невски“ присуствуваше на преземањето на новоосветеното миро, рече дека БПЦ досега не го споделувала своето миро со други цркви, но ако МПЦ-ОА го побара тоа, прашањето ќе биде разгледано, пренесува Бгнес.

– Подготвувањето на Светото миро означува дека БПЦ е афтокефална, а само афтокефалните цркви имаат право да прават свое миро. Ние се радуваме поради тоа и денеска свечено го одбележуваме, изјави патријархот Неофит.

Годинашната подготовка на Светото миро е осмо во историјата на БПЦ. Според каноните, при подготовката треба учествуваат два свештеника – едниот кој го чита Светото евангелие, а другиот да го меша мирото. Подготовката трае три дена и три ноќи. Откако ќе биде пренесено во Светиот синод каде што се чува, мирото се става во специјални садови и се разнесува по епархиите кои го корситаст при крштевања и осветување нови храмови.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?