Партијата на Ѓукановиќ: Опозицијата е одговорна за инцидентите, Црна Гора ќе ги одбрани своите клучни вредности

Од:

Црногорската Демократска партија на социјалистите (ДПС) на претседателот Мило Ѓукановиќ денеска го обвини Демократскиот фронт, член на победничката коалиција „За иднината на Црна Гора“ и мнозинската опозиција, дека се одговорни за инцидентите што се случуваат во црногорските градови и притоа соопшти дека Црна Гора „ќе ги одбрани своите клучни вредности“.

Според ДПС, инцидентите се последица на националистичката и военоподбуцнувачка политика на Демократскиот фронт и мнозинската опозиција.

Негирајќи дека ДПС стои зад инцидентите, оттаму соопштуваат дека е срамно да се обвини партијата која со децении е на браникот на граѓанска Црна Гора и мултиетничката хармонија.

Партијата додава дека ги поздравува напорите на сите оние кои искрено работат на сузбивањето на националистичките собири на кои, како што наведува, се носат знамиња на друга држава и се загрозува мултинационалната хармонија.

„На кои се пеат четнички песни, се напаѓаат граѓани, се краде инвентар и се упатуваат повици за протерување на граѓаните на друга нација или религија“, се додава во соопштението на ДПС.

Таквото однесување, додава ДПС, нема да помине и Црна Гора ќе ги одбрани своите клучни вредности, пренесе РТЦГ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски