Партиите на власт во РС за четири години од мандатот исполниле 4 отсто дадени ветувања

Од:

Само четири отсто ветувања дадени во 2010 година ги исполниле политичките партии на власт во РС. Ова се резултати на работата на Владата на РС, на исполнување на ветувањата кои ги дадода партиите кои ја сочинуваа коалицијата во мандатот од 2010 до 2014 година, а кои ги објави Истиномер од Сараево.

По изборите во БиХ во 2010 година, првиот состав на Владата на РС беше избран во декември 2012 година, а потврден од страна на Уставниот суд на 31 јануари 2011 година. Во март 2013, дојде до реконструкција на Владата на РС, при што беше сменет тогашниот премиер на РС Александар Џомбиќ и шест министри, но составот на Владата не е променет во однос на учеството на партиите, т.е. парламентарното мнозинство кое го поддржа основањето на новиот состав на Владата на РС на чело со Жељко Цвијановиќ.

Како што се наведе во истражувањето на Истиномер, прогресот во исполнувањето на предизборните ветувања на сите партии кои учествуваат на власт на ниво на РС, беше незадоволителен.

Партиите кои основаат власт на ниво на РС вкупно дадоа 447 ветуваеа, од кои вкупно биле следени 389 ветувања кои се однесуваат на ентитетското ниво на власта.

Партиите кои беа на власт во РС во мандатот од 2010 до 2014, вкупно исполнија 18 ветувања, или 4 отсто од сите дадени ветувања.

Од партиите кои учествуваа во власта во РС, најголем број исполнети ветувања има Сојузот на независни социјалдемократи 14, па процентот на исполнети ветувања на оваа партија е 7 отсто. Социјалистичката партија и ДНС имаат по едно исполнето ветување 1 отсто.

СНСД е лидер и по прашањето за неисполнети ветувања, кои ги има 95, што е точно 50 отсто ветувања кои ги даде оваа партија. СП на РС има 64 неисполнети ветувања, што е 51 отсто од нивните ветувања. ДНС има 29 неисполнети ветувања, што е 40 отсто ветувања кои ги даде оваа партија.

– Што се однесува до областите во РС, најголем процент на исполнети ветувања има во Здравството 10 отсто во кое се исполнети 3 ветувања. Надворешната политика има исполнетост од 7 отсто, т.е. исполнето е 1 ветување, а областа во Социјалната политика има 5 отсто исполнети ветувања т.е. 2 исполнети ветувања. Областа во економијата има процент на исполнетост од 4 отсто, но и најмногу исполнети ветувања 7, се наведува во анализата на Истиномер.

Што се однесува до процентуалната исполнетост, најлошо рангирана е областа на Правната држава, која нема ниту едно исполнето ветување.

Областа на економијата, најмногу ветувања

Економијата е област во која партиите кои се на власт на ниво на РС, дадоа најмногу ветувања, 170 ветувања, т.е. 43,7 отсто од вкупниот број на проследени ветувања.

Најголем број ветувања се однесуваат на областа на земјоделството, 46 од вкупно 170, привлекувањето на инвестиции, развојот на деловната клима и зголемување на извозот во кој се дадени 44 до 240 ветувања, додека најмал број ветувања се дадени во областа на трговијата и приватизацијата, по 4 во секоја област.

– Од исполнетите ветувања во областа на економијата, над половина 4 се исполнети во подобласта на сообраќајот и инфраструктурата, а по едно исполнето ветување имаат во подобласта на туризмот, финансиската и фискалната политика и енергетиката. Исполнетите ветувања главно се исполнети со задоцнување, со завршувањето на тунелот Чемерно и автопатот Бањалука – Градишка, или се однесуваат на задржување на постоечката состојба (ветување за задржување на ниска стапка на добивката), наведува анализата на Истиномер.

Сите тие исполнети ветувања во економијата се ветувања на СНСД, која со тоа исполни 8 отсто од сите ветувања во областа на економијата. Од оваа област СНСД има 49 неисполнети ветувања.

На второ место според бројот на ветувањата се наоѓа областа на образованието, културата, спортот, науката и политиката за младите во РС кои опфаќаат 52 ветувања, т.е. 13,37 отсто од вкупниот број на ветувања. Само едно ветување од оваа област е оценето како исполнето. Ветувањето дадено од страна на СНСД, а се однесува на зголемен број на предучилишни институции и опфаќање на предучилишните деца.

Областа на државното уредување е трето по бројот на ветувањата, на ниво на РС (42 ветувања, т.е. 10,80 отсто од вкупниот број на следени ветувања).

Во областа на државното уредување исполнети се само 2 ветувања, што е 5 отсто од вкупниот број на ветувања дадени од страна на партијата. Најмногу неисполнети ветувања во оваа област има СНСД 14, што е дури 82 отсто од вкупниот број ветувања кои СНСД ги даде од оваа област. СП на РС има 8, т.е. 44 отсто, а ДНС 2, т.е. 29 отсто неисполнети ветувања од областа на државното уредување.

Областа на правната држава е петта според бројот на следени ветувања, на ниво на РС, 40 ветувања, т.е. 10,28 отсто од вкупниот број на следени ветувања. Најголем број ветувања во оваа област се однесуваат на областа на човековите права т.е. 18 до 40 ветувања и областа на борбата против корупцијата т.е. 8 до 40, додека најмал број ветувања е даден во областа на безбедноста 2.

– Ниту едно од дадените ветувања не е оценето како исполнето, Само едно ветување е оценето како исполнето во поголемиот дел. Се работи за ветување на СНСД, кое се однесуваше на утврдување на меѓународната соработка во борба против криминалот, каде всушност само е продолжена работата на зацврстување на соработката на меѓународно ниво во оваа област, се вели во наведената анализа.

Областа на социјалната политика е четврта по бројот на следени ветувања на ниво на РС т.е. 41 ветување, т.е. 10,54 отсто од вкупниот број на следени ветувања и во таа област се исполнети само 2 ветувања, а процентот на исполнети ветувања во оваа област е 5 отсто.

Областа на здравството имаше најголем процент на исполнети ветувања 10 отсто, но бидејќи во оваа област имаше 30 ветувања, тоа значи дека се исполнети само 3 ветувања.

Во областа на надворешната политика дадени се најмалку следени ветувања на ниво на РС и во таа област е исполнето само едно ветување и тоа во подобласта на регионалните односи, конкретно, односите на Република Српска со Република Србија, што е уште едно ветување чиј услов на исполнетост беше задржување на претходната состојба, а не да се исполни ветувањето.

Тијана Цвјетичанин од Истиномер за Бука вели дека ниското ниво на исполнување на предизборните ветувања е продолжеток на веќе постоечката пракса од претходните мандати, бидејќи ни минатиот мандат немаше значително подобар резултат, кога беа исполнети 5 отсто во однос на сегашните 3 отсто ветувања на бх ниво, што претставува незначителна разлика.

– Ниското ниво на исполнетост на ветувањата е резултат на повеќе фактори – прво, фактот дека партиите даваат преамбициозни ветувања, кои очигледно се убави на хартија, но се многу далеку од реалноста. Често се случува тие ветувања да се повторуваат од мандат во мандат, но никогаш не се исполнуваат, или ги исполнуваат после многу години откако ги ветиле за прв пат. Но, основната причина што ветувањата не се исполнуваат е таа што партиите, кога доаѓаат на власт, главно не се бават со тоа што било во фокусот на нивните изборни програми; а тоа е главно економско зајакнување, социјални реформи, развој на образованието, воспоставување на правна држава и сл; туку целосно се посветуваат на партиската политика, било да се работи за меѓусебните односи на партиите на власт или на внатрепартиските комбинации – истакна за Бука Тијана Цвјетичанин.

Таа вели дека од тој момент кога ќе почне распоредувањето на министерските позиции, функции во управните одбори и јавните компании, едноставно прекинува секаков интерес кај владејачките партии за програмските цели кои самите партии ги дефинирале во своите изборни програми.

Додека самите гласачи не почнат да казнуваат таков однос, пред се со своето гласање на изборите, тешко може да се очекува дека тоа ќе се промени – ни рече Тијана Цвјетичани од Истиномер.

Таа додава дека тешко може да се зборува за тоа колкаво влијание на гласачите имаат фактите за неисполнетите ветувања.

– Мислам дека на луѓето тука и тоа како им е јасно дека ветувањата не се исполнуваат, во краен случај, доволно тоа го чувствуваат секој ден на своја кожа, но фактори како овие, за жал, во многу случаи се однесуваат на превагнување кога ќе дојде момент да одлучат за кого ќе гласаат.

Таа потенцира дека нивната работа на Истиномер, најмногу била мотивирана од желбата да се влијае на промени на таквата состојба и на самите граѓани што појасно да се укаже на тоа какви се последиците од гласањето за партии кои кон нив се однесуваат крајно неодговорно и без малку почит. Но, крајната одлука е секако, на секого поединечно.

Бука – Сараево

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Додик му се закани на „американскиот функционер“ дека ќе го избрка од Бања Лука

Предраг Петровиќ

Полицијата на Србија и РС потпишаа меморандум за соработка, Дачиќ: Тоа е помош за „браќата“

Предраг Петровиќ