Парламентот на РС планира по итна постапка да го усвои законот за Денот на РС

Од:

Парламентот на Република Српска денеска ќе одржи специјална седница со само една точка на дневен ред, нацрт-законот за Денот на РС, кој треба да биде усвоен по итна процедура.

Претседателот на РС Милорад Додик изјави претходно дека Републиката останува на одлуката за одбележување на 9 јануари како празник и оти Владата ќе одлучува за функционирањето на институциите и за тоа дали тој ден ќе биде работен или неработен.

Босанските Срби гласаа на референдум на 25 септември за тоа дали празникот на РС да остане на 9 јануари, датум, кога во 1992 година тие прогласија „Република на српскиот народ“ во состав на БиХ, по што почна војната, која траеше од 1992 до 1995 година.

Референдумот беше забранет од Уставниот суд, кој оцени дека датумот на празникот е дискриминирачки за несрпското население.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски

Полициски специјалци пред Палатата на Република Српска во Бања Лука

Горан Наумовски

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он