Парламентот на Република Српска во петок ќе одлучува за плановите на Додик за отцепување

Од:

Посебна седница на парламентот на Република Српска на која ќе се расправа за плановите за одвојување на ентитетот од уставниот и правниот поредок на Босна и Херцеговина е закажана за в петок. Тоа денеска го потврди потпретседателот на ентитетскиот парламент Денис Шулиќ, кој е член на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД).

Според него, одлуката за закажување специјална седница ја донел одборот на Народното собрание на РС на барање на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Тој објасни дека Додик во рок од еден час ќе има можност да зборува во воведниот дел, а се поканети сите политички партии да назначат свои претставници за да го кажат својот став за предлозите што ќе бидат изнесени.

„Очекувам дека ќе го покажеме единството на РС на оваа седница“, рече Шулиќ, кој го смени претседателот на парламентот на РС, Недељко Чубриловиќ, откако тој „привремено се повлече“ пред две недели, наведувајќи здравствени причини.

Опозицијата тогаш сугерираше дека Чубриловиќ всушност се обидува да се заштити од меѓународните санкции што ќе го чекаат доколку претседава со парламентарна седница за поддршка на сецесионистичките планови на Додик.

Претходно, самиот Додик најави дека ќе му предложи на ентитетскиот парламент да донесе заклучоци во кои ќе се констатира дека сите одлуки донесени од високи претставници на меѓународната заедница од потпишувањето на Дејтонскиот договор се незаконски.

Во исто време, ќе биде усвоена одлука за преоден шестмесечен период во кој владата на РС ќе усвои закони за основање на сите такви спорни државни институции на ниво на ентитети.

Би можело да ве интересира

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

ВИДЕО: Ноќните волци на Путин учествуваа на парадата во Бања Лука

Во Република Српска 50.000 домаќинства се без струја

Горан Наумовски

Република Српска ги прекинува евроинтеграциите

Закана: Без нова источна интерконекција нема ниту Јужна интерконекција во Босна

Предраг Петровиќ

Нов тест и криза: Собранието на Српска можно е да му забрани на Милорад Додик да оди во Судот на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ