Парламентот на Црна Гора утре ќе расправа за разрешување на владата на Дритан Абазовиќ, неизвесен е исходот од гласањето

Од:

Собранието на Црна Гора утре треба да гласа за иницијативата за смена на владата на Дритан Абазовиќ, но исходот од тоа гласање се уште е неизвесен, пренесе Бета.

Смената на владата, само 50 дена по нејзиното формирање, побараа 36 претставници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), социјалдемократите (СД), Либералната партија (ЛП) и Демократскиот сојуз на Албанците, што не е доволно мнозинство за гласање недоверба.

За пад на Владата потребен е гласот на 41 од вкупно 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора.

На резултатот од гласањето може да влијае ставот на демократите на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, кои имаат девет пратеници и чие претседателство денеска треба да одлучува за ова.

Демократите во вторникот заедно со коалицијата собрана околу Демократскиот фронт (ДФ) поднесоа посебна иницијатива за смена на владата и изгласување недоверба на претседателката на Собранието, Данијела Ѓуровиќ, а таа седница е закажана за 2 септември.

Шефот на пратеничката група на демократите, Борис Богдановиќ, вчера изјави дека „има многу причини за падот на нелегитимната влада и парламентарното мнозинство“, но дека нивната одлука „нема никаква врска“ со потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), која ја поддржа неговата партија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски