Паралелна евиденција и семејно гласање – дел од нерегуларностите на избирачките места низ Србија

Од:

Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД) објави нерегуларности кои во текот на денот биле забележани на избирачките места низ Србија.

Во првите два часа од изборите, велат тие, ЦеСИД забележала повеќе од 20 различни неправилности (во Белград, Ниш и Нови Сад):

  • Често непочитување на процедурите од страна на членовите на избирачкиот одбор на голем број избирачки места;
  • Неуспех и неправилности со контролниот лист (на едно избирачко место во Нов Белград контролниот лист не го потпишал првиот гласач);
  • Одложување на отворањето на избирачките места;
  • Гласање во име на друго лице (на едно избирачко место во Ниш);
  • На едно избирачко место во Нови Сад, пред гласачкото место биле забележани анкетари кои ги прашувале граѓаните за кого гласаат;
  • На едно избирачко место во Савски венец, член на избирачкиот одбор собирал покани за гласање и ги чувал кај себе – индикација за паралелна евиденција;
  • Во неколку избирачки места беа забележани ситуации со семејно гласање.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени